Киев девет часа е под руска опсада

Речиси девет часа ноќеска Киев беше под жестока опсада, додека воздушната опасност и натаму е на сила поради заканата од балистички ракети. Руските сили извршија масовен ракетен напад врз украинскиот главен град, користејќи хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“.

Ракетен напад и повредени лица

Во нападот, најмалку 11 лица се повредени, објави „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека осуммина од повредените се хоспитализирани, додека на останатите им е укажана медицинска помош на лице место или амбулантски, пренесува Укринформ.

Погледнете повеќе од видеото:

Без греење и струја во делови од градот

Речиси една третина од Киев остана без греење, а во одредени делови од градот има и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Неколку силни експлозии одекнаа низ главниот град, предизвикувајќи дополнителна вознемиреност кај населението.

Оштетени објекти и напади во околината

Руските напади во текот на ноќта зафатија и повеќе области од Киевската област, при што беа оштетени станбени згради, градилишта и деловни објекти, соопштија украинските власти. Во градот Бровари, на околу дваесет километри од Киев, како и во околните населени места, беше регистриран прекин на електричната енергија. Укринформ, пак, објави дека бројот на жртви изнесува 19, при што украинските власти потврдија дека меѓу повредените има и две деца.