Викедот и пеколните температури предизвикаа големи гужви на граничните премини. „Критично“ е на македонско-грчката граница каде граѓаните коментираат дека се чека и по два часа.
Зголемената фреквенција на возила ја има на ГП „Богородица“ и ГП „Табановце“ каде се чека по два или три часа. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.
Многу граѓани сакајќи да ја избегнат гужвата на границата „Богородица“ отидоа на „Меџитлија“, но и таму исти гужви.
Ситуацијата ВО ЖИВО може да ја следите во продолжение може да ја следите ТУКА.
Од АМСМ потсетија да се почитуваат сообраќајните правила.