Во ваква изборна година во која се наоѓаме сега ќе почнат да стагнираат капиталните инвестиции. Ние сме држава каде мора да имаме силни реформи, реформа на администрација, владеење на правото, реформа за продуктивноста. Мора да имаме силна политичка волја нешто да се смени“, вели универзитетскиот професор на економскиот факултет во Скопје при УКИМ, Борче Треновски за „Трилинг“.

Професорот на почетокот на се осврна на монетарната политика.

Монетарната политика требаше значајно да одговори изминатиот период. Ги зголеми каматните стапки, имаше промени во задолжителната резерва, воведе макроекономски мерки да го заудза кредитниот раст кој беше прилично значаен и да го стимулира денарското штедење, започнува професорот.

Освен монетарната политика, Треновски зборуваше и за фискалната политика.

Она што друго се случуваше изминатиот период е поврзан со фискалната политика односно со она во фискалната сфера. Иако имаме благо намалување на јавниот долг, дефицитот и долгот значајно се зголемија. Имаше обид на Министерството за финансии за даночна реформа, имаше замрзнување на цените на производите, имаше промени во ДДВ да се зајакне фискалната сфера, вели Треновски. 

Тој потенцира дека малите бизниси се особено ранливи во овој период.

Финансиската сфера остана стабилна изминатиот период, значајна профитабилност има и банкарскиот сектор. Бинзис секторот и микро компаниите се особено ранливи. И покрај определената поддршка и понатаму се ранливи овие две работи, категоричен е професорот Треновски.

Професорот зборува и за геополитичките теми, воените конфликти меѓу Русија и Украина, како и Израел и Хамас. Според него тоа директно влијае во Македонија заради тоа што сме увозно-зависна држава.

Она што дополнително треба да не загрижува е тоа што 76 земји ќе имаат политички избори. Десницата, односно протекционизмот и национализмот има еден поширок замав, а и тоа може да има определено влијание од политичката сфера, вели професорот за геополитичкиот план.

Од друга страна професорот вели дека и покрај неизвеноста има одредено смирување на цените на генерално ниво.

Во ваква изборна година во која се наоѓаме сега ќе почнат да стагнираат капиталните инвестиции. Ние сме држава каде мора да имаме силни реформи, реформа на администрација, владеење на правото, реформа за продуктивноста. Мора да имаме силна политичка волја нешто да се смени, вели Треновски.

Професорот се освра и на прогнозите за 2024 година.

Сите прогнози се дека цените на храната и на енергијата ќе забавуваат, иако се предвидува дека геополитичките движења не може да ги избегнеме. 3 и пол отсто се најавени сега, најавите се дека инфлацијата ќе намали, за веќе годината по неа да стигнеме на нивото каде бевме пред кризата, продолжува тој.

Треновски вели дека е многу важна неформалната економија, а според него треба да има дискусија и за нови одданочувања.

Пензиите се еден од факторите кои најмногу влијаат на сиромаштијата во државата, проблем е непродуктивноста кај вработените, вели Треновски.

За Чебрен и Бехтел и Енка професорот вели дека треба да бидат достапни до пошироката јавност. Тој апелира на поголема транспаретност, а засега немајќи информации тешко е да се обвини некој бидејќи се базираме на избори на политичари.

Треновски потсети на Клиничкиот центар, како целиот проект пропадна уште пред да почне.

Потребен е политички консензус за ваквите теми, поентира тој. 

Целото интервју погледнете го во продолжение: