Уште една улична тепачка по скопските улици
Уште една снимка од физичка пресметка меѓу нервозни возачи во скопскиот сообраќај се појави на социјалните мрежи. Видеото брзо предизвика реакции кај јавноста, отворајќи прашања за безбедноста и однесувањето на учесниците во сообраќајот.
Инцидентот се случил на булевар во Општина Аеродром
Според достапните информации, пресметката се случила вчеравечер на булевар во Општина Аеродром, во близина на крстот на „Трета македонска бригада“. Засега нема дополнителни детали за причините што довеле до инцидентот. Повеќе може да погледнете од видеото:
Обид за смирување на ситуацијата
На снимката може да се забележи како двајца мажи се удираат на сред улица, по што во кадарот влегува уште едно лице кое се обидува да ги раздвои и да ја смири ситуацијата.
