На видеото јасно може да се види дека таму е присутен и Зоки Милевски Кичеец. Токму тој како што неофицијално објавија медиумите  учествувал и ја предизвикал сообраќајната несреќа.

Инаку Зоки Милевски Кичеец треба да е во затвор. Тој е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Тој казната ја отслужува во Казнено поправниот дом (КПД) Струга. Оваа струшка институција, како што е наведено во Законот за извршување санкции, е казнено-поправен дом од отворен вид

Од МВР досега не даваат потврда за инцидентот на учесниците.

.Претходно објавивме дека во сообраќајката едно лице загина, Како што , а седум се повредени

Околу 15,30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид. Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки, јавува МВР.