По средбата со владината коалиција, премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција посочи дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година.

-Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање. следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024, порача Ковачевски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната прес конференција му дофрли, односно му кажа што да одговори на премиерот Димитар Ковачевски.

Имено, одговарајќи на новинарско прашање, говорејќи пред камерите Ахмети му дофрлува, односно му кажува што да одговори.