Срѓан Димитриевски е командирот кој бил на смена вчеравечер во „Идризово“, кога се случи бегството на затвореникот осуден за обид за убиство и дрога, а полицаец беше повреден, дознава „А1он“.
Димитриевски е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР. Од таму добил отказ, па стана командир во затворот. Тој беше дежурен командир и за време на новогодишната вечер, кога млад затвореник беше брутално претепан. Директорот за санкции, Марјан Спасовски во интервјуто за „А1он“ од пред два дена, кажа дека бил запознаен со сите овие факти, но не гледаше зошто би го тргнал од функцијата – командир. Тој додаде и дека контактира лично со командирот Димитриевски, но не сакаше да ги покаже пораките во неговиот телефон.
На прашање дали го познава командирот Димитриевски, директорот Спасовски кажа: „Да, тој е командир во КПУ Идризово. Мислам дека има одлежано затворска казна. Дали затворска казна или притвор не знам меѓутоа мислам дека – да“.
На реакција како може лице кое имало судир со законот да биде командир, директорот Спасовски рече: „Зошто да го избркам, треба да направи некој посериозен дисциплински прекршок за да биде избркан. Зошто да го бркам?“.
Прашан дали командирот е негов послушник и извршител, директорот Спасовски кажа: „Апсолутно не, зошто…?“.
Целиот текст прочитајте го ТУКА