Утрово гостин на радио Лидер во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ беше универзитетскиот професор д-р Жидас Даскаловски којшто често ги коментира политичките разврски во државава. Со него и утрово се зборуваше за актуелните политички прашања, а едно од нив е контроверзната изјава на премиерот за тоа дека не е важно што мисли народот, туку важно е, според него да се донесат „храбри одлуки“.

„Потребно е лидерство да се носат храбри одлуки да се носат одлуки за граѓаните и државата.“, вели Ковачевски и вели дека доколку се слушал народот сега немало да бидеме членка на НАТО. Изјавата може да ја видите во продолжение, а ставот на професорот  Даскаловски и Боцевски веднаш подолу.

Според професорот Жидас Даскаловски како пракса досега на СДСМ е нивниот став да го изградат без да го консултираат народот, имаат замислено лидерство и не го слушаат народот кој ги гласал.

Слушнете повеќе во продолжение: