Косовската полиција потврди инцидент во кој е вмешан пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Арменд Земај, и граѓанин од дијаспората. Настанот се случил на плоштад, додека Земај давал интервју.

Според снимката објавена од „Газета Блиц“, додека пратеникот говорел пред камерите, во позадина се слуша граѓанинот кој довикува „сите сте лажговци“ и „лажете“. Земај реплицирал со прашањето „кого лажеш“, по што, кога минувачот се доближил, го удрил.

Пратеникот реагирал бурно и физички го нападнал човекот. По случката, Земај се огласи на својот профил на Фејсбук, изразувајќи жалење и извинување.

Инцидентот привлече широка јавна реакција.