,Велимир Смилевски за неколку дена ќе стане историја. За жал темната страна на историјата, затоа што е најнеспособниот градоначалник досега во Бутел.” – ова денес го истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски.
Костовски рече дека Смилевски секојдневно ја губи поддршката кај Македонците и Албанците, Турците, Власите итн и токму поради тоа се наоѓа во паника и се занимава со ширење на лажни информации кои потоа ги пласира во јавноста.
,,Пред неколку дена Смилевски објави дека огранокот на политичката партија Алтернатива се приклучил кон него, за да само еден час потоа официјалниот претставник на Алтернатива го демантираше тоа. Деновиве и монтира одредени видеа со кои што сака да сее меѓуетничка нетрпеливост и верувајте дека тоа нема да му помине, затоа што бутелчани се мудри.” – рече Костовски.
Тој му порача на неговиот противкандидат од СДСМ Велимир Смилевски кога веќе ништо не направил за општината и жителите, барем да не им наштетува и да не го загрозува нивниот мирен соживот затоа што ниту тој, ниту пак неговите деца живеат на територијата на општина Бутел