Премиерот на Северна Македонија и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија (СДСМ) Димитар Ковачевски пред изборите в недела им испрати поддршка на актуелниот претседател Црна Гора и лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, пренесува порталот Lokalno.mk.
„Почитуван Мило, ја имате поддршката од Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија и македонските социјалдемократи. Ви посакувам успешна кампања, мирен изборен ден и победа на претседателските избори во недела. На тој начин Црна Гора ќе остане на вистински пат, а што би рекле моите драги црногорски пријатели – Мило, него кој“, заклучи Ковачевски.