Поранешниот премиер Зоран Заев беше познат по бројните гафови и изјави што ги даваше за време на меѓународни средни, интервјуја или настани, но таквата пракса на највисокото раководство на дражвава продолжува.
Најнов кој „го следи примерот“ на Заев и прави гаф, што не би смеело да се дозволи во официјално обраќање до министер на некоја држава, е токму човекот којшто го замени Заев на позицијата премиер, Димитар Ковачевски.
Во поздравно обраќање по повод одбележување на празникот Свети Сава, Ковачевски министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, го именуваше како министер за надворешни работи на ентитетот во Босна и Херцеговина – Република Српска.
Како појаснување, Република Српска, како дел од БиХ нема свој министер за надворешни работи.
Видеото може да го видете ТУКА.