Два месеци откако во Советот на Европа во Стразбур потпретседателот на ВМРОДПМНЕ Александар Николовски ја спореди Македонија со жртвата Украина, а Бугарија со агресорот Русија премиерот Ковачевски го присвои овој наратив за свој говор во Рејкјавик, јавува express.mk
Премиерот Димитар Ковачевски на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд следејќи ги тезите на Ковачевски од пред 60 дена, изјавил дека Бугарија се однесува кон Македонија исто како Русија кон Украина.
Тој во говорот на дебатата „Обединети за Европа“ понискиот урнек како Николовски на средината на Март рече дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани, а токму таа држава е пример за кршење на човекови права.
„Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија емеѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права“, кажа премиерот Ковачевски.
Откако започна агресијата и анексот на Крим во 2014, секогаш сум ја поддржувал Украина и Украинците во нивната борба за слобода, самоопределување и демократија. Во 21виот век кога светот разговара за нови технологии, зелена агенда и развиток на вселенското истражување, никој не можеше да замисли војна. Војна во Европа е најстрашната работа која што можеше да се случи. Затоа, силно ја поддржувам Украина и затоа треба вечерва да го усвоиме овој извештај за последиците на руската агресија кон Украина, рече во своето обраќање во Стразбур, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Изминатите два дена, слушам од нашите украински колеги за страдањата со кои се соочуваат. Слушајќи ги овие шокантни сведочења, можам само да направам паралела со судбината и негирањето на македонскиот народ, и вековните спорови со нашите соседи кои биле и се поголеми и помоќни. Со векови нашите соседи ги оспоруваа Македонците како посебна нација, култура и посебен македонски јазик. Ние бевме жртви и протерувани за време на балканските војни и за време на грчката граѓанска војна, и конечно оспорувани во 21виот век. Негирањето на украинскиот јазик и тезата дека Украинската нација се творба на Ленин и комунистите е слична со тезата за негирање на македонската нација и јазик и тезата дека Македонците се творба на Тито и комунистичката коминтерна. Оспорувањето и омаловажувањето на двете нации и јазици има многу сличности и симболика, дури се употребуваат и истите зборови. Ова не беше случајно, што дури и големиот филозоф Францис Фукујама, авторот на легендарната „Крајот на
историјата и последниот човек“ вели дека има многу сличности во наративите користени против Македонија и Украина и негирањето на Македонците и Украинците, истакна Николоски.Основната вредност на демократијата е дека луѓето одлучуваат за самите себе, но исто така и за тоа кои се и што се. Тоа е цивилизациска придобивка од која нема враќање и кој ниту една војна или блокада можат да ја спречат. Со тоа, слободно можам да им кажам на Македонците дека нашата борба и судбина е слична со украинската и затоа мораме да ги поддржиме со сето наше срце. Ние сме мали и не можеме многу да направиме, но и најмалата поддршка значи многу во овој виор на војна. Во историјата, македонскиот народ секогаш бил на правата страна, ќе бидеме на страната на вистината и во оваа криза и воена агресија, во ова страдање и несреќа што се случува во Украина. Украина ќе победи. Вистината и демократијата ќе победат, додаде тој.
Видео од говорот на Николовски искажан два месеци пред на Ковачевски да му ,,текне” да ја користи истата теза на состанок на истата организација.