Во делот на легислативата, точно е дека ние има стратегија за борба против тероризмот и за насилен екстремизам, меѓутоа нашата стратегија за одбрана е од пред нашиот влез во НАТО. Значи имаме застарена стратегија за одбрана која што не е во склад со стратегијата за борба со тероризам и насилен екстремизам. Колку време се на власт, таа стратегија се уште не е донесена, а тоа е единственото нешто со кое што се гордеат и со тоа што се гордеат немаат донесено нова стратегија за одбрана, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата насловена „Справување со тероризмот – Предизвик на современа Европа“ во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“

Ковачки рече дека во делот на борбата со тероризмот Македонија се уште нема дефинирано кои објекти се критични.

„Ние немаме дефинирано кои објекти се критични и кои во даден момент треба да се обезбедуваат од овој аспект. Но ние тоа го немаме дефинирано како држава. Зошто? Затоа што се тотално неспособни. Пет години ЕУ укажува на носење на овој закон со прст не е помрднато, ние во собрание немам добиено ништо, посочи тој.

-Згора на тоа зборувајќи за НАТО цело време односно секоја година, при крај на година, на ребаланс на буџетите се крати од програмата за интеграција во НАТО. Внимавајте по милијарда и 500 милиони секоја година заминуваат на зголемување на одредени бенефиции за нив. И мислам дека на тоа треба да му се стави крај. ВМРО-ДПМНЕ такво нешто нема да дозволи, изјави Ковачки.

Во однос на заканите со бомби Ковачки изјави дека во екот на заканите, началникот за сузбивање на сајбер криминалот си дал оставка од МВР, укажувајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ освен што ќе инвестираме во структурите, ќе мора да инвестира и во човечкиот потенцијал.

-Она што е клучно е дека началникот на тоа одделение за информатичка безбедност, во ек на заканите на бомби го напушти министерството за внатрешни работи. Значи единствениот експерт кој што сме го имале во МВР им избега за повисока плата, што значи дека ние како ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што реков дека ќе инвестираме и во структурите и во способностите, ќе мора да инвестираме и во човечкиот потенцијал, рече Ковачки.