Оваа последна криза во Британија е толку голема што владата ја ангажира војската да транспортира гориво на празните бензински пумпи.

Главната причина за хаосот, пред сè, се брегзитот и политиката на владата на Британија да ја изнесе земјата од Европската Унија, пишуваат тамошните медиуми.

Со тоа се појави недостиг од 90.000 до 120.000 возачи на камиони на британскиот пазар на работна сила.

Британската влада ја ангажира војската за транспорт на гориво, кое, иако не недостига, сепак нема начин да стигне на бензинските пумпи.

Паниката што се создаде повлече некои од граѓаните да почнат да складираат резерви. Најкритично е на бензинските пупми, каде што поради големата тензија и нервоза, има и тепачки.