Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.
Како што се наведува, „во моментот на нападот децата се движеле покрај патот и носеле бадникови гранчиња кога напаѓачот отворил оган врз нив“.
Се здобиле со прострелни рани, едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, а само од чиста среќа не биле повредени или животно загрозени – наведуваат од Канцеларијата.
Во него се вели и дека тие „во моментов се транспортираат во Клиничкиот болнички центар во Грачаница каде ќе ја добијат најдобрата можна нега“.
Станува збор за очигледен обид за убиство на невини српски деца кои им пречеле само затоа што носеле бадниково гранки и со тоа јасно покажале дека се Срби. Иако неколку очевидци ја виделе регистрацијата на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото – се наведува во соопштението.
Се додава дека „овој напад е директна последица на антисрпската политика на Албин Курти, кој со своето однесување и постапки ги охрабрува сите оние кои сакаат српска крв, дури и на Божиќ“.
Бараме итна и одлучна реакција од меѓународната заедница, а Канцеларијата за Косово и Метохија на семејствата и на повредените ќе им ја пружи сета потребна помош – се вели во соопштението.
Полицијата го уапси напаѓачот на српските момчиња, пренесува „Коха“.
Според првите информации уапсен е А.К.(33), кој е на распит во Урошевац.
„Две момчиња од Србија, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење“, објави Канцеларијата за Косово во српската влада.
Ранетиот Милош Стојановиќ објасни како се случил инцидентот: „Отидовме по Бадник како и секоја година. Излеговме на пат да се сликаме, по фотографирањето дојде автомобил, не знам кој испука куршум, ме погодија во раката. Веројатно се Албанци, уште не сме сигурни. Побегнаа веднаш по пукањето, исчезнаа“ изјави за „Косово онлајн“ ранетиот млад човек.