Жител на Подгорица Дејан Лакушиќ е убиен околу 18 часот во престрелка што се случила во кафе-барот „Стефан“ во близина на зградата „Еи Ниш“ во Подгорица.
Поради убиството на Лакушиќ, полицијата го уапсила неговиот сограѓанин Горан Алексиќ, кој поради тоа дело сам се предал.
Според Вијести, постои сомневање дека Алексиќ испукал неколку куршуми кон Лакушиќ, додека тој седел на терасата од кафеана на таа улица.
Овој дел од градот е блокиран и во тек е истрага.
Лакушиќ и претходно и бил познат на полицијата како безбедносно интересна личност.
Тој издржуваше шестгодишна затворска казна за кривично дело злосторничко здружување и посредување при проституција, во случајот познат како „Афродита“