Обвинувања кон министерството за култура

Вработените во институциите на културата со мартовските плати нема да добијат зголемување од 12 проценти туку само 2%, тврдат од синдикатот. Културните работници на мирен протест појаснуваат дека според сите закони на правната држава, им следуваат 10 проценти од општиот колективен договор и покачувањето од растот на минималната плата. Поединци сакаат да се случи преклопување на две засебни права од работен однос кои треба засебно да се применат, велат.

Операцијата множење која е предвидена со колективниот договор за културата, некој сака да ја замени со операција одземање, вели првиот човек на Слободните синдикати на Македонија.

Министерката ги отфрли обвинувањата

Бисера Костадиновска-Стојчевска, по реакциите на Синдикатот на културата на Република Македонија за наводни нејасности во решението за плата изготвено од Министерството за култура и неоснованите обвинувања за кратење на платите во културата, одржа прес-конференција

Според министерката за култура, единствената компонента која од оваа плата натаму е менлива, е минималната плата, токму затоа и стои во диспозитивот. Работиме јавно и транспарентно, вели таа на вонредна прес-конференција.

Во изработката на ова решение, министерството се консултирало со МТСП, со Државниот инспекторат за труд, службите во Министерството за култура и сите активни чинители, појасни министерката.