Данела Арсовска му нудела пари на Латас – сведоци потврдиле дека целта била соборување на Мицкоски
Данела Арсовска му нудела пари – ова го тврди новинарот Драган Павловиќ-Латас во најновата епизода од подкастот „Проверитас“. Тој откри дека средбата се случила во присуство на четворица сведоци, и дека понудата била поврзана со проекти на американската амбасада. Вели дека целта била – соборување на премиерот Христијан Мицкоски.
Латас изјави дека Арсовска го убедувала дека е блиска со американската амбасадорка, уште од пред нејзиното доаѓање во земјава. Според неговото тврдење, му објаснила дека ќе има пари преку проекти за борба против корупција, и предложила соработка.
„Доаѓа Данела, имаме понуда на маса. Нејзиниот разговор беше овој: Јас сум другарка со американската амбасадорка, се знам со неа уште пред да биде амбасадорка. Ќе има проекти за борба против корупцијата, ќе има пари. Сакам да соработуваме“, рече Латас.
Тој додаде дека ја одбил понудата. Нагласи и дека сето ова го сведочеле четири присутни лица, и оти разговорот се одвивал во деловен контекст.
Целата негова изјава и деталите од настанот може да се проследат во целост во видеото подолу.