Самопрогласениот „свештеник“ Атанас Стефанов повторно во акција. Овој пат пред Министерството за надворешни работи во бугарската престолнина, Софија, каде што реши дека дипломатијата најдобро се регулира со клетви.

Иако нема врска со црквата, тоа не го спречи да застане пред службеното возило на министерката Надежда Нејнски и да одржи импровизирана „служба“ со навреди наместо молитви.

Стефанов предизвика повеќе инциденти во последниве години. Тој, според бугарските медиуми, пред само неколку дена влегол во партиска канцеларија и се однесувал агресивно кон луѓето кои биле во неа. Лани, пак, тој се фрли пред колоната возила на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија, извикувајќи навреди, по што полицијата го уапси. Претходно, тој предизвика инцидент кога јавно ги навредуваше и беше агресивен кон поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и неколкумина членови на неговата партија.