Од мелничко пекарската индустрија чекаат Владата да ги повика на средба на која би се разговарало за кризата со производството на белиот леб. Од таму за „Телма“ предлагаат можно решение, кое би било производство на т.н. социјален леб, кој би одговорил на потребите на социјалните категории на граѓани.
-Очекуваме Владата да не повика за да изнајдеме заедничко решение кое ќе биде за доброто на сите, како на компаниите така и на граѓаните за да се заштитат компаниите за да не пропаднат. Треба да се изнајде еден леб со одредена грамажа кој ќе биде социјална категорија кој ќе биде месечен, во хартија, за да се запази тој социјален апскет за наслението, да има најефтин леб на пазарот, а да се ослободат другите лебови за да можат компаниите да функционираат – порача Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекарската индустрија.
Малишиќ тврди дека засега компаниите трпат огромни загуби поради замрзнатите цени, на што пекарите одговорија со запирање на производството на белиот и полубелиот леб. Тој додава дека леб нема да се испорача ниту утре.
Видеото е преземено од ТВ Телма