Аферата „Броило“ го извади на површина соларниот картел, кој е сконцентриран околу дезертерот Ковачевски. Обелоденивме како две поврзани фирми „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски и неговиот кум Паунов, и КМГ ЕОЛ Квазар основана само од кумот, откако е СДС на власт влегле во бизниси од над 26 милиони евра, изјави денеска МИле Лефков од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение неговата изјава
Сите факти досега укажуваат дека соларниот картел околу Ковачевски наликува на злосторничко здружение кое се формира по доаѓањето на СДС на власт.
Еве ги и фактите:
1. Ковачевски и неговиот кум, кој е функционер во СДС скоро 20 години ја основаат фирмата „Пиксел Груп“, околу која понатаму се врти аферата „Броило“.
2. „Пиксел Груп“ е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели, а КМГ ЕОЛ Квазар ги продава и монтира истите.
3. Преку фирмата на кумот на Ковачевски земени се 2 милиони евра државни тендери, и склучен е договор со ЕВН од дополнителни над 2 милиони евра. „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски произведува фотоволтаици, а фирмата на кумот се јавува на тендери и продава. И така фирмата основана од Ковачевски не се јавува како директен извршител на работите пред државните органи, а практично кај неа завршуваат парите.
4. „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски со СДС на власт добива и над половина милион државна помош, а исплати се вршени и додека е заменик министер за финансии и мандатар за состав на новата влада.
5. Злосторничкото здружение зазема димензии од десетици милиони евра кога Ковачевски станува премиер. Имено тогаш „Пиксел Груп“ основана од него влегува во фаза на градење на фабрика во ТИРЗ Тетово, каде има посебни даночни и царински ослободувања, а фирмата ќе преговара и за државна помош.
Јасни се цртите на аферата „Броило“, која го следи доаѓањето на СДС на власт и растот на Ковачевски во политиката, како тој напредува во хиерархијата во СДС и владата, така договорите и зделките на „Пиксел Груп“ и КМГ ЕОЛ Квазар се сѐ поголеми.