Судир под западната трибина
По завршувањето на натпреварот меѓу Шкендија и Јагелонија (1-1) во рамките на Конференциската лига, на арената „Тодор Проески“ се случи инцидент под западната трибина, каде дојде до судир меѓу навивачите на двата клуба.
Полицијата реагирала навреме
Според достапните информации, полицијата веднаш интервенирала за да спречи поголема ескалација на насилството. Во моментот кога дел од домашните навивачи ја напуштале трибината, поддржувачите на полскиот клуб, познати по својата агресивност, почнале да фрлаат тврди предмети – шишиња, камења и дури противпожарни црева.
Формиран полициски кордон
Благодарение на брзата реакција на полицијата, избегнат е потежок инцидент. Формиран бил заштитен кордон, а навивачите на Јагелонија биле вратени назад на стадионот со цел да се спречи директен контакт со фановите на тетовскиот клуб.
