Силно невреме со пороен дожд проследен со врнежи од град вечерва ја зафати Струмица. Како што објави Струмица денес и според коментарите на граѓаните на социјалните мрежи невремето било проследено со леден дожд, а според нив причина за тоа што улиците се под вода е лошата атмосферска канализација.
Невремето предизвикало поплави по улиците во пониските делови од градот, а дел од градското подрачје е без електрична енергија.
„Вечерва Струмица, особено во делот на улица Млaдинска повторно е жртва на лошата атмосферска канализација, несоодветната инфраструктура но очигледно и слабото одржување на канализацијата. Вечерва времето потсетува дека главната задача на политичарите е да се грижат за генералните проблеми, а другите задачи се споредни“, стои во објавата на Фејсбук на Струмица денес.