Јачината на земјотресот прво била измерена на 7,4, а USGS објави дека се работи за многу плиток земјотрес, 12,5 километри под површината на земјата, што го зголемил ефектот.
Земјотресот ги затекнал патниците во кабините на жичарницата во главниот град на Мексико. Поминале нешто повеќе од еден час заглавени помеѓу двете станици.
„Тоа беше многу страшно искуство. Ништо не ни кажаа. Слушнавме предупредување за земјотрес, почна да се тресе и жичарата застана “, вели Габриела Круз, патничка во една од кабините.
Поради епидемиолошките мерки, во кабините требало да се најдат најмногу 6 лица, меѓутоа, се чини дека овие ограничувања не биле почитувани.
Според извештајот за цивилната заштита, земјотресот предизвикал свлечишта во кои што пропаднале патиштата. Според сведоците, оштетени се и згради во Акапулко.
Мексиканската градоначалничка Клаудија Шејнбаум рече дека засега нема извештаи за голема штета во главниот град на државата.