Љупчо Николовски свесно и намерно ги злоупоребил институцииите за да наштети на фамилија од селото Жидилово. Лично упатувал закани кон сопствениci на добиток, а трите сестри кои чуваат добиток сметаат дека ова е класичен политички реваншизам. И покрај тоа што сестрите уредно платиле казна, Николовски продолжил со заканите. Се отвораат сомнежи дека само заради оваа фамилија тој го има сменето и самиот закон за да наштети на нив, објавува Алфа.

Случајот со одземањето на 493 крави од семејството Ѓорѓиевски – политички реваншизам или законска процедура?

Семејството Ѓорѓиевски од кривопаланечкото село Жидилово тврди дека е жртва на политички реваншизам, откако државните институции наложиле одземање на нивниот добиток. Според сопственичките, трите сестри, целата постапка е резултат на долгогодишен притисок од страна на поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски.

Обвинувања за политичка хајка

Сопственичките тврдат дека решението за одземање на 493 грла добиток намерно не им било доставено на време, со што им било оневозможено да поднесат жалба во предвидениот рок.

„Се мачиме седум години. Љупчо Николовски точно знае кои сме и лично му се закануваше на татко ми, испраќаше луѓе да ни се закануваат. Сакам да го прашам јавно зошто овие решенија не ни беа уредно доставени,“ изјави Јулијана Ѓорѓиевска.

Правна битка и жалби

Во решението стои дека добитокот не бил чуван во соодветни услови, што е спротивно на Законот за благосостојба на животните. Од семејството Ѓорѓиевски, пак, велат дека инспекцискиот надзор не утврдил неправилности.

Адвокатот Тони Менкиноски го нарекува случајот „класичен политички реваншизам“ и нагласува дека бил поднесен единствено против ова семејство. Поднесена е жалба до Агенцијата за храна и ветеринарство, како и кривични пријави против службеници од Министерството за земјоделство.

Одговор на институциите

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека не можат да го коментираат случајот додека не заврши правната процедура. Семејството Ѓорѓиевски се надева на позитивен исход, бидејќи кравите им се единствен извор на егзистенција.

Тие предупредуваат дека нивниот случај може да ги одврати младите луѓе од земјоделството и да ги натера да ја напуштат земјата.