Мајката Фатма и синот Мухамед (3) се извлечени живи од под рушевините 47 часа по катастрофалниот земјотрес.
На снимките кои ги објави новинската агенција IHA се гледа како пожарникарите го извлекуваат три годишниот Мухамед Таника и неговата 38 годишна мајка Фатма.
Пожарникарите прво го извлекле момчето кое било во пижами, а потоа и неговата мајка, а потоа со комбе на Брза помош биле пренесени во болница.
Спасувачката служба објави дека потрагата по преживеани ќе биде без прекин и истата ќе трае и денес, меѓутоа лошите временски услови ја отежнуваат потрагата по преживеани.
Инаку досега во земјотресот загинаа над 8 илјади луѓе во двете земји, а потресот кој ги погоди Турција и Сирија беше со јачина од 7,8 степени по Рихтер.