Завршија подготовките за пуштање во употреба на нов ски центар Михајлово на Кожуф планина во близина на Кавадарци. Новата година за кавадарчани, но и за сите граѓани на Македонија започнува со нов ски центар кој во моментов се пушта во употреба. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на социјалните мрежи веќе сподели видео од ски центарот.
Како изгледа ски центарот?
„Михајлово“ доби и камери
Градски превоз од Кавадарци до ски центарот Михајлово
За сите заинтересирани за посета на ски-центарот „Михајлово“, Јанчев информира дека јавното претпријатие „Градски превоз“ од Кавадарци почнувајќи од 1 јануари ќе врши превоз на патници по официјален возен ред.
Првата скијачка патека која ќе го носи името ’Македонија’
Претходно, на својот фејсбук-профил Јанчев информира дека покрај природниот снег што овие денови интензивно паѓа на Кожуф, на „Михајлово“ се подготвува и фрлање од топови на дополнителен вештачки снег.
„На 1 јануари од 11 часот, на првиот ден од новата година, во срцето на Кожуф планина ќе биде официјалното отворање на скијачкиот центар ’Михајлово’ и првата скијачка патека која ќе го носи името ’Македонија’“, напиша Јанчев.
Скијање и под рефлектори
@24chasa.mk Македонија добива нов скијачки центар! Наскоро се отвора Скијачки центар Михајлово во близина на кавадарци – градоначалникот јанчев постави осветлување и направи стази за скијање! „По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар! Во моментов се работи на подготовки за ски стазата со сите пропратни елементи за сите возрасти! Наскоро…. 🎿⛷️ Скијачки центар Михајлово, за сите љубители на зимските спортови“, напиша градоначалникот Јанчев на Фејсбук. #viral #goviral #fyp #fypp #kavadarci #skiing #skiseason #winter #snow #sneg #makedonija #zimskaidila #zima #зима #кавадарци #македонија #skopje ♬ original sound – 24chasa.mk
Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворањето на ски центарот.