Новата година започнува со голем нов проект на градоначалникот Митко Јанчев во срцето на планината „Кожуф“. Скијачкиот центар во близина на Кавадрци ќе биде под името „Михајлово“, а првата патека која ќе го носи името Македонија. Магијата на зимата ќе биде во полн ек.
Снегот ѝ излезе во пресрет на скијачката сезона.
Подготовки за снег во Михајлово
Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и сè уште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула, Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.
Карактеристики и најави за ски-центарот
Минатиот месец, градоначалникот Митко Јанчев објави: „Овој скијачки центар ќе располага со ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар, филтри 4 броја, хидрант 4 броја, снежни топови 2 броја и заштитна мрежа 20 броја.“