(ВИДЕО) Македонија е двократен светски шампион во „Кантер-страјк“ по триумфот над Монголија

Магазин 11.12.2022. 10:36

Македонската CS:GO (Counter-Strike:Global Offensive) репрезентација го освои Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација (МЕСФ), откако утрово ја победи репрезентацијата на Монголија со 3-1.

Репрезентација која ја претставува тимот „BLUEJAYS“, составен од играчите Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски и Павле „stYleEeZ“ Стојановски издвојува победа на мапите „Mirage“ со 16-3, на „Inferno“ со 16-8 и „Dust2“ со 16-7.

Успехот на репрезентацијата доаѓа откако вчера ја победи Русија со 2-0 и така обезбеди влез во финалето на првенството. Претходно, македонските репрезентативци на првенството издвојуваа три победи, а изгубија еден натпревар.

Македонија сега е светски шампион втора година по ред, откако минатата година го освои истото Светско првенство кое се одржа во Израел. Исто така, македонската репрезентација е и европски шампион, втора година по ред.


Подкаст

Подкаст