Македонскиот научник Данче Андревска Ѓорѓиевски развива напредна технологија за американската вселенска агенција НАСА.

Технологијата која ја развива Македонката која живее во САД ќе се користи за мисијата на НАСА која во 2024 година треба да слета на месечината.

Андревска Ѓорѓиевски работи за компанијаta Dornerworks од која има договор за соработка со НАСА за проектот Артемис 2 кој треба да слета на Месечината за две години.

Македонската инжинерка предводи тим кој работи на напредна технологија која може да овозможи подобра комуникација на вселенските летала со земјата.

Таа вели дека со помош на оваа технологија меѓу другото астронаутите полесно ќе можат да воспостават видео врска со своите семејства на земјата.

Андревска Ѓорѓиевски е сестра на друг врвен македонски научник Гоце Андревски кој предава на Кралскиот Универзитет во Канада.