Верижен судир се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико. Во несреќата учествуваа четири возила, меѓу кои марка „ходна“, „рено“ и „опел“, а едното од нив е такси возило.
Делови од автомобилите се расфрлани долж булеварот, во еден од нив е вклучено заштитното перниче поради силината на ударот. Од она што може да се забележи на две од возилата тркалата им се оштетни.
На терен нема брза помош, што значи дека нема повредени лица, но има две полициски екипи кои треба да направат увид како дошло до несреќата.
Булеварот делумно е блокиран.