Во гостување на ТВ24 тој го образложи својот став.

„Ќе гласам на претседателските избори, нема да го чкртнам ливчето. Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски. Немам морално и етичко право јас да барам од гласачите кои мене ме поддржале кого да поддржат. Нема да го правам тоа и таа пракса е лоша. Гласањето е таен чин, граѓаните сами одлучуваат, но побарав од граѓаните, поради тоа што сме соочени со фактот поради неуспешни претседателски избори да влеземе во политичка и институционална криза, да излезат масовно и да ја дадат поддршката на кандидатот за кого сметаат.

Ваквиот потег наиде на пофалби кај опозициските гласачи.

Погледнете и видео кое го објави „Боемот 2.0“ и пиша детално што мисли за оваа реакција на Димитриевски.

Лично до мене што е, јас се извинив на граѓаните уште во јуни 2022 година за мојот ангажман како дел од поддршката на Стево Пендаорвски и сигурно тој нема да ја добие мојата поддршка… Нема да имам неважечко ливче, апсолутно ќе гласам, нема да оставам мојот глас да пропадне. Јас сум демократ по убедување и тоа е тоа“, закличи тој.

Се уште нема ваква најава од лидерот на Левица, Димитар Апасиев или пак од кандидатката на оваа партија Билјана Ванковска.

(ФОТО) Ванковска удри по Силјановска Давкова: Дали Левица ќе го поддржи Пендаровски?

Не само што нема најава, туку тие пишуваат и објави против Силјановска Давкова.