По тековните прашања со уставните измени, судскиот совет, но и турбиленциите со правосудството во центарот на вниманието е вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Во вечерашното издание на Трилинг, Маричиќ вели дека противењето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање уставни измени нема реална поткрепа и додава дека ги користат сите механизми за разговор со опозициските партии.

На прашањето „како македонското правосудство да се ослободи од политичките и бизнис стеки“, вицепремиерот вели дека работат на решавање на слабостите.

Она што денес го имаме е многу различно од она што го затекнавме. Тоа не значи дека нема проблеми, но тоа значи дека функционираме во отворен систем каде сите слабости излегуваат на површина, а ние на тие слабости треба да работиме. За тоа е потребна политичка волја од сите актери, започнува тој.

Оваа влада остави многу простор на правосудството, за жал судството не беше на таа задача.

Мислам дека борбата за интегритетот на судскиот совет и судството е борба која што мора да ја води судската фела, а мора да ја поддржува политиката, вели Маричиќ.

Тој додава дека политичко влијание не е единствено, а тука големо влијание има бизнис секторот.

На прашањето дали тандемот Јовески Абази со отворање на предметот „Скопје 2014“ се обидува да се направи дефокус, Маричиќ вели дека ова е случај кој долго време стоел во обвинителството, а тој претпоставува дека имало нови докази штом сега се отвора.

Маричиќ за случајот со Рамиз Мерко се иззема од одговорност. Вели дека не знае кој ќе биде следен на црната листа.

Тој вели дека со државата не владеат криминалци, но дека 11 години владееле. Тој изразува жалење дека ВМРО-ДПМНЕ не оградиле од криминалите на нивните претходни функционери.

На крајот од ова интервју тој се осврна на дезинформациите и пропагандата против внесувањето на Бугарите во Уставот и вели дека противењето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање уставни измени нема реална поткрепа.

Целато интервју погледнете го во продолжение: