– Ова не беше лесна одлука ниту нешто што можеше брзо да се направи, но го завршивме успешно и во интерес и на барање на граѓаните. Како што знаете, владата вчера донесе одлука за стопирање на градбата на Центарот за странци во Бардовци и одлука со која беа задолжени две министерства да бараат нова локација вон населено место, така како што бараа граѓаните на Бардовци. Мислам дека ова е голема победа за граѓани, но голема победа и успех и за Владата затоа што не може Владата без граѓаните ниту граѓаните без владата. Во овој дијалог, граѓаните имаа дилеми, проблеми, стравови. Ние покажавме дека сакаме да ги слушнеме и не само тоа, туку и да ги уваживме и да донесеме соодветни одлуки за да имаат мирен и спокоен живот и за да веруваат во институциите“, рече Маричиќ кој беше во друштво на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Според него, во овој случај Владата препознала дека е направен пропуст.

– Ако ова го продолжиме како тренд, ако умееме да признаеме кога некогаш за нешто сме направиле пропуст успехот е загарантиран и за граѓаните и за нас. Затоа ви честитам на вас за вашата упорност и сакам да кажам дека вратите на владата ќе останат отворени за сите ваши проблеми и за сè она што ви треба како населба, општина и граѓани на целата држава, рече Маричиќ.

Еден од присутните жители на Бардовци, пак, рече дека е ова било успех на граѓаните кои три месеци се бореле, но немало да успеат без поддршка од Владата.