По обилните дождови Маркова Река се излеала и предизвикала поплави во селото Батинци.
Поплавени се улици и дел од куќите. Локалните власти и жителите на селото се мобилизирани да го спречат понатамошното ширење на водата.
УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи до петок
Механизација е на терен, а целиот напор е насочен кон враќање на водата во коритото на реката. Ситуацијата се следи, а екипи работат на санацијата на последиците од поплавата.
Ваквиот развој на настаните резултираше со сериозни поплави во делови од селото, а жителите се соочуваат со тешкотии при справување со штетите. Властите апелираат на внимателност, со цел да се спречат понатамошни штети и ризици за безбедноста на жителите.
Извор: ТВ 21