Млада мечка денеска е снимена во близина на селото Лазарополе. Посетители што се движеле во околината ја снимиле мечката во близина на патот што води кон селото. Снимката и фотографиите се објавени на фејсбук-страницата патувања.мк.

Во објавата се упатува апел до сите кои се движат во овој предел доколку забележат мечка, да останат смирени и да не и се приближуваат.

„Не се обидувајте да ја храните и избегнувајте нагли движења. Најдобро е едноставно да ја игнорирате и даи дозволите да продолжи по својот природен пат“, се вели во објавата.