Мечка со своите мечиња е снимена во тетовското село Беловиште, каде присуството на мечки станува се почесто

Во подножјето на Шар Планина, во тетовското село Беловиште, жителите снимиле мечка со своите мечиња. Сцената предизвика големо внимание кај локалното население.

Жителите велат дека присуството на мечки во околината станало почесто во последните години.

Стручњаците објаснуваат дека причина за почестите појави е недостиг на храна во природното живеалиште на мечките. Поради тоа, тие се спуштаат поблиску до населените места.