Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска организираше роденденска прослава по повод неговиот 68. роденден, на која присуствуваше целата општинска администрација.
Свеченоста беше споделена на официјалната Фејсбук-страница на Општина Струга, каде беа објавени фотографии и видеа од настанот.
На прославата, Мерко доби роденденска торта во форма на бројот 68, колку што прославува години, како и уметничка слика како подарок.
Настанот се одржа во текот на работниот ден, со присуство на административни службеници од општината. Од Општина Струга нема дополнителни информации за форматот на прославата или за евентуални трошоци поврзани со организирањето.