Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, одржа прес-конференција на која образложи што се случило денеска на средбата меѓу координаторите на пратеничките групи со претседателот Талат Џафери.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложиле на утрешната седница да го поддржат носењето на законите со тоа што ќе бидат на седницата и ќе обезбедат кворум.

Никола Мицевски рече дека економските мерки не биле блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, туку од СДСМ и ДУИ, кои го одбиле предлогот.

„Денес стана јасно кој блокира, кој не се грижи за здравјето на граѓаните. Додека смрните случаи се зголемуваат, и откако се покажа дека власта е неспособна да обезбеди вакцини, СДСМ единствено што ги интересира е како да профитираат. Играјќи игри, на секој начин се обидуваат да избегнат одговорност и да ја обвинат опоизицијата. Не се блокирани овој сет економски мерки од ВМРО-ДПМНЕ, туку од СДСМ и од ДУИ. Тие го користат овој пакет, затоа што знаат дека немаат кворум, и се обидуваат на утрешната седница да протуркаат штетни закони за кои сметаме дека треба да се дискутира. Упатувам апел до сите пратенички групи да разберат дека треба да се борат интересите на граѓаните на Македонија, и овој пакет закони е за нивниот бенефит, а не да бидат послушани од погубните политики“, рече Мицевски.