Премиерот Христијан Мицкоски и министерот Александар Николоски ја движат напред македонската инфраструктура. Премиерот Мицкоски преку видео министерот Николоски ги соопштија деталите за новиот автопат.

Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија. Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор. Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура. Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот. Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати!, пишува премиерот Мицкоски.