Ковачевски се врати блед од Блед, народот бара избори и ресет, истакна вечерва од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во продолжение интегрален текст и видео од обраќањето на Мицкоски:
Добровечер Штип, Добровечер за победнички Штип, Добровечер за градот кој ги започна промените,
Добровечер за комитетот кој над 30 години испишува историја на ВМРО-ДПМНЕ и пишува историја за Македонија.
И сето ова во тешки времиња на многу предизвици, удари за Македонија и Македонците.
Честит роденден ВМРО-ДПМНЕ Штип комитетот кој создава пламен, кој носи победи, кој се бори за Македонија, кој секогаш човек не го остава рамнодушен со неговата посветеност, работа и непоштедна борба за идеалите кои за нас се исклучително важни.
Бидете сполотени, бидете енергични и само така ќе може планини да поместувате, невозможното да станува возможно. Да носиме иднина и енергија која е важна за и која му треба на народот.
И ова е многу важно што го велам затоа што на Македонија и се случува распад на системот. На Македонија и се случува целосно киднапирање на институциите од страна на една мафијашка група која се преставува како Влада. Сигурно некој ќе рече дека Христијан и ВМРО преувеличуваат, но еве погледнете ги состојбите.
Се случува масовен егозодус на народот. Се случува систематско осиромашување на граѓаните. Се случува колапс во секој сегмент, здравство, образование, земјоделие. и владата непоместува ништо со мал прст тоа да го спречи.
Нема учебници, нема лекови, цените неконтролирано растат, земјоделците немаат вода за наводнување, нема правда, нема владеење на право, нема инфраструктурни проекти, нема странски инвестиции.
Имаме само максимално организиран криминал дозволен и спроведен од власта на ДУИ и СДС и ја имаме Македонија, за жал се помалку и помалку. И оваа арогантна и одлепена власт уште има храброст да каже дека ТИЕ биле Европа.
Епа господа од власта, нема Европска земја во која некој би бил министер после вакво фијаско. Во Европа после ваков колапс не чекаат редовни избори, туку си потпишуваат оставка и ги напуштаат фотелјите после вакви неуспеси.
Зарем Европа е кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која внимавајте претходно била донатор на ДУИ и ги дала тие пари за му организира на истиот тој министер политички настан.Па ќе излезе да се жали како не знаел за тоа дека таа фирма била донатор. Па ќе излезе да се прави наудрен и да се прави дека тоа што го гледа не го гледа, а повеќе од 20 години или е министер, или портапрол или потпретседател. И добро еве бидејќи до сега не знаел еве сега знае, научи, и прашањето е што сега ќе преземе, дали ќе го раскине договорот кој што претходно го потпишал, или да бидам по прецизен дали смее да го раскине истиот тој договор кој го потишал со таа фирма донатор.
Зарем Европа е кога првиот човек на владата добива државно земјиште по едно евро и тоа од државата чиј што премиер, вештачки поставен, безнароден, без легитимитет ја води. Зарем Европа е кога се делат 215 пасоши на светски криминалци, нарко дилери и убијци? Претпоставувам дека и многумина од вас подзаборавија на тоа дека нема локален балкански криминалец и нарко бос кој што денеска нема македонски пасош издаден од оваа влада, која што денеска ја гледате започнува една кампања платена со ваши пари да не убедуваат дека тие биле Европа.
Зарем Европска вредност е кога пола од случаевите за проневера на европски пари се случиле во Македонија, а видовме дека биле арчени за фризерски студиа и тренирање на магариња. Оваа власт е се, само не е европска.
И сега кога стојат на стаклени нозе единствено на кое се надеваат е да коленичат, да одат против својот народ, само и само да останат некој ден подолго на власт. Но секој украден залак од народот ќе им преседне. Тоа јас им го ветувам. Ќе има одговорност и тие тоа го знаат, затоа се смртно уплашени од избори. Но епското бегање од избори не може вечно да трае.
Единствената тема на која сака власта да зборува, драги пријатели, се уставните измени, затоа што тоа им е единствената преостаната тема. Се друго е буквално катастрофа. А уставните измени се полоши од катастрофата во секоај друга област затоа што се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство. Самите велеа, Пендаровски и СДСМ дека било внимавајте ќе потенцирам “ван памет“ да се менува повторно Уставот, и после три години еве ги истите тие актери повторно не убедуваат дај да го смениме Уставот за да можеле да дојдат НАСА или што уште не. Но, можат да се лутат само на дијагнозата иако не сум лекар, но вака како инжињер можам да им ја доделам, а тоа е дека тие се ван паметот.
Затоа народот и ВМРО-ДПМНЕ велат НЕ. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари. Доживеавме да се редат понижување до понижување.
Се врати блед и сега се крие од јавноста затоа што нивната лага повторно пукна како меур од сапуница. Погледнете како тоне нивната последната сламка за спас. Францускиот претседател им ја кажа вистината. Европска унија им испрати абер. Сега се препелкаат, те овој сакал да каже вака, те оној сакал да каже онака. Сето тоа што го кажуваат не е точно. Јасно е. Без внатрешни реформи кои вие 7 години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле, нема да има ни афричка унија, а не пак европска. Народот бара РЕСЕТ. Оваа Влада ги изгуби и легитимитетот и кредибилитетот.
Велат тие биле Европа. Па прашајте го францускиот претседател покрај сите остапки сите понижувања кои ги прифатија, јасно вели дека нема ЕУ. И што после тоа. 2030 ни ја продаваат за светлата година која треба да дојде во состојба кога нема гаранции ни дека државата ќе стане членка на ЕУ до 2063 година. Македонија, драги браќа и сестри, е уморна од ветувања на европски бирократи кои не тапшаат по рамото ветувајќи работи кои не доаѓаат. Македонија е уморна од политичари на власт кои само за да ги задржат фотелја спремни се и душата да си ја продадат, само за да ужииваат во привелегиите додека народот живее на ивица, на раб на издржливост. Со оваа власт сме се далеку од ЕУ. И тоа е јасно, ниту има надеж дека ќе биде се подобро. Апатијата и неуспесите ќе завршат. ВМРО-ДПМНЕ цело време е со народот. Ги слуша неговите проблеми, ги гледа проблемите во општеството и за тоа на следните избори кога и да се случат ќе понуди решение и визија. Нашата визија ќе биде преточена во програма во која придонес ќе има секој од вас. Таа програма ќе нуди проекти и многу, многу работа. Впрочем и тоа го покажавме овде во Штип.
И покрај сите проблеми со кои се соочува Иван, гледате дека работите се поместртуваат, се поместуваат од мртва точка. Кога произлегуваш од народот, знаеш што му треба на овој народ. Овие салонски политичари од власта се научени некој да им диктира условите, така порано во поранешната федерација беа Белград и Москва, така денеска се Брисел или Софија. Тие чекаат некој друг да ги храни, наместо да работат, да ги засукаат ракавите и да се испотат. Драги браќа и сестри поминавме овие повеќе од пет години реформирајќи многу работи во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, но и од позиција на опозиција реформиравме многу работи во државата. На претходните локални избори испишавме заедно со народот дел од таа историја која треба на следните парламентарни избори да ја потврдиме и да ја завериме. Но за тоа да го направиме ќе оминат уште неколку месеци и тие нема да бидат поезија, нема да бидат лесни, ќе бидат месеци полни со предизвици и месеци кога на ВМРО-ДПМНЕ како никогаш до сега му е потребна поддршката од народот и силата од народо. Јас сум убеден дека овде во Штип ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на народот.
И кога ве гледам во олкав број како го славиме овој 33 роденден дополнително за мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, претставува мотив да истраеме, издржиме и заедно со вас за неколку месеци од денеска на парламентраните избори да ја запечатиме оваа историја и да победиме со мнозинство во македонскиот парламент. Многу е важно таа победа да биде голема. По се ова што го направивме изминатиов период, многу е важно таа победа да биде со мнозинство во македонското Собрание. Затоа што еве стојам од овде пед вас ве гледам во очи и ви велам да сигурно на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со голема победа. Но, нема да е доволно таа победа да биде со помал број од 61 пратеник. Зошто ова го зборувам?
Затоа што за време на таа кампања ќе се изнаслушате се и сешто од ситни души кои се платени со ваѓи пари, а крадени од Владата на ДУи и СДСМ или СДСМ и ДУИ како сакате кои со тие ситни души прават коалиција како ВМРО-ДПМНЕ да не дојде до 61 пратеник. Зошто? Затоа што така нивната цена на политичката сцена на нивниот пазар кој што тие се навикнати ќе биде многу мала. И второ затоа што му слугуваат на нивниот главен стопан и сигурно вие го очекувате тој стопан да биде СДСМ. Не не е СДСМ.
СДСМ се претвори од државотворна партија во измеќари на ДУИ. Тие се вистинскиот стопан денес во владата и на СДСМ, и на овие ситни души кои што ќе имаат за цел да излезат и да ви кажат вие што сакате да слушнете, а потоа кога ќе заминат од тие средби со граѓанитем додека патуваат до другата точка во возилото да ги бројат парите кои ги добиваат од нивниот стопан, само и само да го поделат антивладиниот македонски гласач. Нашата цел на идните избори се покрај тоа што мораме да ја декласираме коалицијата СДСМ и ДУИ е да им го покажеме вистинското место на овие кои што се претставуваат како алтернатива, кои што го изедначуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да им го покажеме вистинското место, а тоа е на темната страна на историјата, со огромна победа која што ќе ја направиме заедно со вас и со народот на Македонија.
Колку е посилно ВМРО, толку е посилна Македонија.
А колку е посилна Македонија толку и вашиот дом е повреден. Колку е послаба Македонија, колку повеќе Македонија е клекната на колена, толку и бизнисте на бизнисмените се посиромашни, толку и нашите домови се помалку вредни. Затоа ние потребна огромна победа. Победа со која што ќе ја зголемиме вредноста на нашиот дом. Драги браќа и сестри, Како што нашите револуционери знаеле дека ослободувањето е можно само од силата на сопствениот народ, така и денеска велиме дека успехот е возможен само со многу труд и работа, на власт и народот во коалиција, заедно. Македонија може и мора да успее. Македонија е земја коај треба да бележи напредок и посакувана за инвеститори.
Земја во која што инфлацијата нема да го јаде стандардот. Земја во која квалитетното образование ќе биде моторот на прогресот. Земја во која здравствената заштита нема да биде лотарија туку ќе биде квалитетен систем. Успехот ќе биде наша заедничка приказна со народот.
Вие тоа го заслужувате. Вашите деца тоа го заслужуваат.
Македонија тоа го заслужува. Да сте ми живи и здрави, заврши Мицкоски.