– Така што овде очекуваме голема двојна победа во Гази Баба а потоа да ги засукаме заедно ракавите и да освоиме една голема победа за жителите на Гази Баба, и за жителите на Градот Скопје. Пред да продолжам со она мое традиционално писмо кое што го пишувам пред секој настан, пред секоја промоција на идните градоначалници ќе ми дозволите да кажам неколку работи кои што се значајни за периодот кој што следи, за неделите кои што следат, но и за годините потоа, затоа што овие локални избори не се само локални избори. На овие избори вие бирате во кава Македонија сакате да живеете. Можеби според својот карактер ова се локални избори, избори за градоначалници и советници, но јас ве уверувам дека веднаш после победата на овие локални избори, многу скоро после тоа ќе имаме ново парламентарно мнозинство и нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Тој додава дека затоа имајте во предвид дека гласот на овие локални избори е и глас за иднината на Македонија, дали бираме криминал, корупција, неспособност, понижување, омаловажување или бираме надеж, просперитет, работа и проекти. Јас го бирам второто, а убеден сум дека тука во Гази Баба, огромното мнозинство жители на Гази Баба ќе го одберат токму она кое што го бирам јас, а тоа е второто, надеж, иднина, проекти, и реализација, односно го бираат Бобан Стефковски за Гази Баба, и ја бираат Данела Арсовска за Град Скопје. Ова се посебни избори за ВМРО-ДПМНЕ затоа што во услови на опозиција, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да се прошири, да ја рашири својата коалиција и на ВМРО-ДПМНЕ да му се приклучат нови политички партии, нови општествени структури во државата, но и луѓе кои што никогаш политички претходно не биле определени, или не застанале позади било каква претходна политичка платформа.

– Ние ја подадовме раката на сите, буквално на сите и таа рака подадена на сите се уште стои подадена и вратата не е затворена. Но за жал како што тоа беше така и за претседателските избори кога не навредуваа и одлучија да го бојкотираат кандидатот на опозицијата во тој период, како што беа лагите за време на претходните парламентарни избори и повторно го одржаа во живот и Зоран Заев и СДСМ, така и денеска ја одбија раката подадена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за обединет опозициски блок свесно одработувајќи за политиките на Зоран Заев и СДСМ, под превезот на така наречена национална политика. Тие истите кои што требаше да бидат со нас на раскрсниците и да блокираат за Македонија да протестираат, протестираа за Палестина. Денеска се продаваат за трет пат. Секој глас денеска кој што ќе биде даден за овие измамници, егзибиционисти кои што одлучуваат да одработат за Зоран Заев и СДСМ е директно глас за Зоран Заев и СДСМ. Затоа на 17ти октомври уште рано наутро да излеземе масовно во што е можно поголем број и да го заокружиме идниот градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски и идната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, потенцира Мицкоски.

Мицкоски додава дека по трет пат да не пот паднеме на лагите и конструкциите кои што имаат единствена це да му помогнат на Зоран Заев и СДСМ да останат на политичката сцена во Македонија.

-Денеска ми вели еден човек, порано вработен во Железара, вели Христијан нема иднина, децата ни остареа, внуците пораснаа, внуците не напуштија заминаа, буквално се чувствуваме празно, се чувствуваме безнадежно, се чувствуваме поразени, се чувствуваме како луѓе кои не успеа да обезбедат иднина за своите најблиски, како да им ја украдовме иднината на своите најблиски. Му велам, да тоа го чувствувам затоа што осум од десет мои дипломци веднаш после дипломирањето одлучуваат да ја напуштат Македонија, бидејќи тука не добиваат вистинска шанса и не гледаат перспектива. Не гледаат перспектива дома, обременети со многу криминал, со многу корупција, ако во соседството нов Клинички центар идентичен како овој овде што планираат да го прават чини 125 милиони евра, овие тука решиле за четири пати поголема сума да го прават истиот клинички центар. Затоа драги пријатели, мојата порака овде од Гази Баба до вас, би рекол и мојата молба до вас, зрело да читаме што нудат кандидатите на овие избори без разлика дали сте поддржувачи, активисти, членови на некоја од политичките партии, или сте луѓе кои што се политички неопределени, луѓе кои што досега не сакале политички да се определат, внимателно да читаме што нудат идните кандидати за градоначалници. Затоа што од едната страна имате човек кој што буквално четири години го преспа мандатот и покрај тоа што имаше огромни можности, огромен буџет не направи ништо, а од друга страна имаме човек кој што има план, има визија кој што уште во првиот момент разговаравме за тоа како ја гледа општина Гази Баба, имаше визија, знаеше како тоа да го направи и веќе имаше осмислено десетици проекти кои што потекнуваат од вас, а тој планира да ги реализира, истакнува Мицкоски.

Тој додава дека имаме нели таканаречен трета опција, трет пат кои што се слуги на овие од првиот пат и кои што имаат за цел тие протесни гласови кои што на овие избори ќе ги има многу, да не дојдат во ВМРО-ДПМНЕ, туку повторно индиректно да му ги донесат на Зоран Заев и СДСМ, па ќе лажат, ќе измислуваат, се што сакате да слушнете тие ќе ви кажат. Затоа мојата порака да избереме зрелост, да избереме, работа, да избереме визија, да го избере Бобан Стефковски и Данела Арсовска. Тоа е она кое што ќе нуди иднина и за Гази Баба и за градот Скопје, но и Македонија.

-Кога првиот пат разговараме за Данела, за тоа каква идеја да може Данела да се претстави пред скопјани како жена која што ќе ја бара довербата за иден градоначалник, имавме неколку часовен разговор, неколку часовна средба и нормално прво што мене ме интересираше е да дознаам околу нејзината биографија, минат труд, нејзиното професионално лично портфолијо. Можам да издвојам две работи кои што се значајни и кои што секаде ги повторувам, Данела Арсовска ја предводи организацијата Сојуз на Стопански Комори на Македонија, повторувам Сојуз на Стопански Комори на Македонија. Оваа организација е дел од светската организација на Стопански комори во која што членуваат повеќе од 12.700 слични вакви комори. Таму има Управен одбор, којшто го сочинуват дваесет луѓе, еден од нив е Данела Арсовска, еден од тие дваесет светски луѓе коишто управуваат со светската економија е Данела Арсовска. Понатаму, Данела Арсовска е обучувач на експерти кои доаѓаат од земјите Г20, а тоа се 20 најразвиени земји во светот, таа е обучувач за кадрите кои доаѓаат од овие најразвиени земји, светско, а наше. Затоа да ја подржиме и Данела и Бобан. Сакам да ја искористам оваа прилика овде да му се заблагодарам на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, и во два мандати на Градот Скопје г-динот Коце Трајановски, за тоа што го сработи и за Гази Баба, но и за градот Скопје, неговото искуство е огромно и благодарам за поддршката којашто ја даде за идниот градоначалник на градот Скопје Данела Арсовска, вели Мицкоски.

Тој додава дека сега ќе ми дозволите како секаде што тоа го правам, да го прочитам моето писмо коешто му го напишав за идниот градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

1. Опкружи се Боби со вредни луѓе, способни и компетентни, кои се експерти во одредени области. Твоја задача е добро да го менаџираш процесот, да се советуваш и да носиш одлуки. Не е секој човек експерт за се’, и не е срам за област која не ја познаваш доволно добро да прашаш и да се информираш.

2. Немој Боби да ги делиш граѓаните, ниту населбите во твојата општина. Секој нека добие подеднакво од Виниче до Автокоманда, од Ќерамидница до Стајковци, Од Ченто до Хиподром. Секој човек плаќа на данок од кој ти земаш плата. Секоја улица е твоја улица, секое маало е твое маало.

3. Зафати се Боби со комуналните и инфраструктурните проекти што е можно поскоро, затоа што е срамота во третата декада на 21-виот век граѓаните да газат кал или да немаат вода. Ваквите проблеми почни ги поскоро и не тактизирај, оти грев е заради изборни кампањи да се одложуваат проекти што многу значат на граѓаните. Народот е мудар и ќе памети.

4. Биди Боби она што не е твојот против кандидат и претходник. Биди чесен и одговорен, посветен и работлив. Не дозволувај да си фаќаш работа со криминалци и мафијаши кои ќе ти нудат услуги за против – услуги. Ако еднаш си фатиш работа со нив се’ што си направил ќе ти пропадне во вода.

5. Боби, најмалку време поминувај во твојата канцелари, а повеќе време на увид на проекти и средби со граѓани. Гази Баба е голема општина има големи предизвици, а најголемиот од сите е да те паметат како најуспешен градоначалник на општината. Ќе треба многу да работиш да стасаш до тоа.

6. Немој Боби никогаш да заборавиш да бидеш праведлив кон вработените во општината. Вредните вреднувај ги, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност. Немој да се доведеш во ситуација да штитиш неспособни, неработници или криминалци затоа што нивниот срам ќе стане и твој срам. Видовме мафијата на Заев како заштитува криминалци од своите редови кои ги бркаат со меѓународни потерници, па сега се срамат на меѓународно ниво. Чистиот образ Боби нема цена.

7. Бори се за младите да се вработат, да имаат пристојни услови да живеат, да основаат семејства во кои ќе порастат многу дечиња овде во Гази Баба. Гради инфраструктура која му треба на секој млад човек. Велат повозрасните се задоволни кога нивните деца се среќни покрај нив.

8. Дел од Гази Баба е земјоделски крај. Тоа се вредни и измачени луѓе на кои власта не им го цени трудот. Ти биди Боби нивната потпора и биди секогаш заедно со нив, во лошо и во добро.

9. Гази Баба е мултиетничка општина и мултиконфесионална општина. Тоа почитувај го и чувај го. Ниту прстите на едната човечка рака не се исти, ама заедно може да направат се’.

10. На крај Боби иако е најважно, ветувај реално, а потоа тоа што си го ветил реализирај го. Внимавај да не го излажеш народот, за да имаш потоа чест за да го погледнеш очи кога ќе излезеш на улица или пак кога ќе дојдат следните избори. Ти ќе бидеш татко на општината и никогаш немој да ја изневериш нивната доверба.

-Бобан е човек за големи цели, со него Гази Баба ќе напредува. Тој е млад, посветен и чесен човек, со многу енергија идеи и желба за работа, тоа кое што му треба за секоја општина. На 17-ти октомври ќе победи просперитетот наместо неспособноста и неодговорноста на оваа власт. На 17-ти октомври во Гази Баба ќе победи Бобан Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓаат промените, доаѓаат кога народот ги презема работите под свое. Да сте живи и здрави и да ни е вечна и вековите Гази Баба и Македонија, истакнува тој.