Во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, вчера во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со пензионерите. Оттаму порача дека со оваа власт, пензионерите наместо да уживаат, тие биле приморани да протестираат по улиците.
„Главниот удар врз пензионерите е направен ако се сеќавате кога беше пуштена онаа методологија кога два пати годишно пензиите се нивелираа по два столба. Пондер имаше 50% трошоци за живот и пондер имаше 50% раст на просечна плата. Тоа се напушти и тоа траеше добри две години со што се направи дисбаланс помеѓу просечната пензија и просечната плата или минималната плата и да речеме од некои 60-тина проценти таа падна под 50% и сега денеска пензионерите ги гледаме како наместо да уживаат во пензионерските денови тие протестираат на улиците и си ги бараат правата за подобар живот“, појасни Мицкоски.
„Апсолутно како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера да влеземе во озбилна анализа и овој економски тим кој што го креира тој економски модел да има посебен начин на раст на пензиите и тие проценти кои што беа да се стигнат, а зошто да не и да се надмине“, укажа Мицкоски.