„И покрај опструкциите на власта, општина Бутел се развива и ги спроведува ветените проекти“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Општина Бутел заедно со градоначалникот Дарко Костовски.
Мицкоски даде пофалби за градоначалникот и советниците за општината која реализира многу проекти, а напомена и дека СДСМ и ДУИ ги опструираат.
Самиот градоначалник кажа дека имаат големи опструкции од страна на централната Влада, Владата на ДУИ – СДСМ или СДСМ – ДУИ како ви е полесно. Зошто тоа го прават? Затоа што народот овде во општина Бутел даде би рекол недвосмислена поддршка во 2021 година на локалните избори за Дарко и за ВМРО-ДПМНЕ. И сега тие со тоа што не ја поддржуваат Општината ги казнуваат сопствените граѓани. Но, добрата вест е тоа што за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада од ВМРО-ДПМНЕ која што има намера преку проектот, а тоа е 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините во Македонија без разлика дали се тоа општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници, да помага и да реализира проекти. Бидејќи на тој начин се подобруваат условите за живот на сите граѓани, рече тој.
Мицкоски напомена дека Владата треба да биде Влада на сите граѓани, а не само на оние кои што ја гласаат, и не само за себе преку криминалните тендери кои што ги крадат местејќи ги во четири очи.
Уште еднаш сум среќен, задоволен и почестен секогаш да бидам дел од проектите кои што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ги реализираат. Му честитам на Дарко уште еднаш, на советниците во Општина Бутел, на администрацијата, за сето тоа што го прават тука. Знам дека ќе продолжат со исто темпо, а веќе со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го засилиме и ќе направиме и работи кои што не сме ги ветувале за време на кампањата на локалните избори во 2021 година, заклучи Мицкоски.