Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Мицкоски кажа дека очекува половина од неопределените гласачи да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, доколку излезат на избори.

Мицкоски исто така ги повика граѓаните да излезат на избори, затоа што негласањето е исто така гласање.

„Нашите детални анализи велат од четири гласа кај неопределните, сигурно два би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, останатите два би ги делеле другите опозициски партии. Така што убеден сум дека од сите оние неопределени гласови, најмалку половината доколку одлучат да гласаат, а ние ќе сториме се да ги убедиме, ќе одат кај ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што мора да знаат граѓаните дека седењето дома, и негласањето е во суштина гласање, само во тој случај гласате за Груби, Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и останатите. Затоа мора да имаме масовна мобилизација и луѓето ќе излезат да гласаат на изборите“, рече Мицкоски.