На гостување во ТВ21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 28-ми септември во 2023 година, кажа дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 100-150 илјади разлика пред останатите.

Тогаш Мицкоски во „Клик Плус“ му кажа на водителот на ТВ21, Љубиша Цветкоски:

„Еве, запишете, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ ќе води со 100 до 150 илјади разлика во првиот круг“, кажа тогаш Мицкоски.

Прогнозите се покажаа како точни, односно разликата изнесува повеќе од 180.000 гласови, а СДСМ освои најмалку гласови од сите претседателски избори досега.

Во овие зборови на Мицкоски, не веруваше Бојан Маричиќ од СДСМ. Прогнозата тој ја нарече нереална, а вчера се соочи со вистината.

„Целосно е нереално да се каже дека разликата помеѓу Силјановска Давкова ќе биде 100.000 гласови. Очекувам тесна трка во која на крајот Пендаровски ќе победи“, рече Маричиќ. пред еден месец за ТВ 21.