При денешната посета во општина Свети Николе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали е доволен новиот сет мерки на Владата за да се надмине енергетската и економската кризата во која се наоѓа државата, истакна дека сетот мерки е задоцнет и нема драматично да ја подобри состојбата со кризата, туку дополнително создава фрустрации кај народот и некој не верува во капацитетите на Владата.
– Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не успеаја да се надминат себеси и тогаш да ги прифатат, еве малку модифицирани ги доставија до парламент ги поддржавме, иако се задоцнети иако знаеле пред 4 месеци дека до ова ќе дојде вистинското прашање е зошто не се подготвиле и што навремено не реагирале туку чекаа по инерција и задоцнето да се случи ова што денеска се случува. Така што не мислам дека се на време и не мислам дека драматично ќе ја подобрат состојбата, напротив го фрустрираат дополнително народот и никој денеска не верува во капацитетите на оваа Влада, нагласи Мицкоски.
Исто така претседателот при денешната посета на Свети Николе им го честита големиот христијански празник на светиниколчани.
– Традиционално практично со исклучок на оние години кога беше ковид пандемијата, кога воопшто немаше настан овде во Свети Николе, сум одел во Свети Николе за овој голем ден, голем христијански празник – Тодорова сабота. На сите верници им го честитам празникот, на сите оние кои што ја слават славата им ја честитам славата и името да им е вечно на тие што го слават именденот. И се разбира на сите верници кои што еве го врват оној период на постење им посакувам успешни пости и многу здравје се разбира, рече Мицкоски.