Не сакам да им го правам она на луѓето што не сакам да ми го прават мене и мојот пристап кон секој е сериозен, истакна Христијан Мицкоски во гистувањето на Канал 5.

Така и со новиот претседател на СДСМ очекувам витешка борба и судир на аргументи, а не ниски страсти и навреди.

Ако некој може да сочувствува со него тоа сум јас поради се што доживеав и истрпев последниве 4 години и затоа велам дека е здраво и добро и за него и за СДСМ да излезат на избори пред граѓаните да го докажат својот легитимитет да ја водат оваа држава.

Во спротивно засекогаш ќе остане таа слика со длабокиот поклон кон својот претходник и тогаш ќе му биде многу тешко.