Леталото, во мисијата од час и половина, требаше да тргне над Ново Мексико околу 8:30 часот по локално време. Сепак, поради лошите временски услови, летот беше накратко одложен.
На висина од околу 90 километри, тој и членовите на екипажот поминаа неколку минути во бестежинска состојба. Потоа се вратија на Земјата, на истата писта од која тргнаа.
Милијардерот испиша историја. Летот на Брансон е пионерски и тој ја претстави оваа мисија пред јавноста како претходник на новата ера на вселенскиот туризам.
Бренсон во видео обраќање од вселената порача дека му се остварил животниот сон и дека ова е историски ден за човештвото.